Сре07172019

Последна промена02:17:22 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охриѓани се жалат на агресивна глутница кучиња

Охриѓани се жалат на агресивна глутница кучиња

Сподели

Охриѓани се жалат на агресивна глутница кучиња на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Деновиве имаше повеќе напади од  бездомни кучиња врз минувачи на плоштадот. За среќа немаше некој поголем инцидент во поглед на каснување и повреда. Вистинска драма, кучињата лаат и бркаат граѓани кои исплашено бегаат, а на помош им притрчуваат други луѓе кои ги разбркуваат. 

Неколку поголеми агресивни кучиња во време на спарување напаѓаат граѓани, се жалат охриѓани, кои ги повикуваат надлежните итно да преземат мерки и да ги остранат од улица. 

-„Ова е веќе опасност. Не може човек раат да прошета. Не може дете мало да пушти по улица. Власта е одговорна и мора да преземе мерки за решавање на овој горлив проблем“, велат загрижени граѓани за Охриднет. 

Пред неколку денови Охриднет објави строија за нападнат и повреден туристи од Хрватска од куче бездомник токму на градскиот плоштад.

На фотографиите се дел од кучињата кои сеат страв на охридскиот плоштад. Со случајот е запознаен и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ како надлежни за проблемот со бездомните кучиња. Грданоски најави решавање на овој проблем.  

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK