Сре07172019

Последна промена02:17:22 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Се уништува зеленилото кај Емо

ФОТО: Се уништува зеленилото кај Емо

Сподели

 

Охрид ЅОЅ алармира дека се уништува зеленилото кај поранешен Емо во Охрид. Кому му пречеа многу исечени дрвја, прашуваат од еколошкото движење. 

 

-„Далеку од очите на јавноста, во дворот на поранешниот охридски индустриски гигант ЕМО се случува масовна сеча на дрвја. Децениски, најчесто зимзелени стебла, стојат исечени. Трагична, жалосна глетка. Според Агенцијата за катастар, односно АКН ГИС порталот, се работи за државно земјиште, односно целиот имот на фабриката, заедно со блискиот царински терминал се парцели во сопственост на Република Македонија.

Ќе доставиме допис до Општина Охрид, да кажат кој ја одобрил оваа сеча, зошто се исекле овие стебла, кој дал налог или барање за сечата, дали е тоа државата или концесионерот на тој простор, KOSTAL Group. Нејасно е кому му пречеа овие дрвја, кои само даваа пријатен момент во тој дел. Продолжува праксата на масовно уништување зелени површини, сечење дрвја. Целиот комплекс на ЕМО важеше за убаво уреден простор, со дрвореди, мали паркови, хортикултурни појаси исл. Зошто наместо најавениот живот за сите настапува масовна смрт на стотици дрвја низ општината? Ги сечиме белите дробови на овој град“, прашуваат од Охрид ЅОЅ.

Од еколошкото движење велат дека  бетонскиот канал над патот, кој ги собира сите води од Косел сега е затрупан и постои опасност од поплавување.

-„Дали Центар за управување со кризи ја посетил локацијата, да изврши увид на моменталната состојба, па ако е потребно да се исчисти овој канал?Повикувате да одиме заедно напред. Ова ли е тоа напред? Овој уништувачки порив е нешто напредно? Додека во светот се пошумува, масовно, се прават нови зелени површини, овде се слуша само звукот на моторните пили. Имате ли воопшто совест, било какво достоинство? Во чие име и за чија сметка всушност вие работите?“, прашуваат од Охрид ЅОЅ. 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK