Пон05202019

Последна промена10:05:34 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Единаесет мозочиња од Охрид запишани во Гинис

Единаесет мозочиња од Охрид запишани во Гинис

Сподели

Единаесет деца од Охрид впишани во Гинисовата книга за рекорди. Нивните имиња се дел од книгата за рекорди бидејќи беа учесници на најголемиот одржан час во Дубаи.

 

-„Децата се членови на  Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД кои на 24 ноември 2018 година учествуваа на меѓународниот Бреинобреин натпревар во Дубаи, покрај со бројни награди се стекнаа и со Сертификат за поставен Гинисов рекорд за најголем  одржан час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници. Сертификатите на БОБ генијалците им беа доделени на 12 мај, во Скопје од страна на Мастер франќизерот на Бреинобреин програмата Драгана Гвозденовиќ и тренерот Валентина Кузмановска“, информираат од Црвен крст Охрид. 

Меѓу охридските мозочиња е и Стефани Крстиќ, ќерка на портпаролот на Охридско лето и долгогодишен новинар , Сузана Вренцовска. Стефани има безброј награди и признанија стекнати од програмата на Брејнобрејн. 

Честитки за сите деца од Охрид!!! 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK