Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Одбележан Светскиот ден на пчелата

Одбележан Светскиот ден на пчелата

Сподели

Со словенечки доручек, во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, денес, беше одбележан Светскиот ден на пчелата.

Настанот беше во организација на Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, и почесниот конзул на Република Словенија, Шенол Ислам. Во своето обраќање претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, го потенцираше значењето на пчелата во опстанокот на човештвото и изрази благодарност за организацијата на ваквиот настан во Охрид.

-„Оваа прилика сакам да ја искористам, да им упатам искрени честитки на организаторите на настанот, на Амбасадата на Република Словенија и Почесниот конзул на Република Словенија, Н.Е. Амбасадорот Милан Јазбец и почесниот конзул г-динот Шенол Ислам. Ваквите настани имаат посебна важност во акцентирањето на работите кои се значајни за животната средина, одржливоста и здравјето на луѓето. Како Локална самоуправа, секогаш се трудиме да го дадеме нашиот максимум во поддршката на вистинските вредности. Остваруваме соработка и им даваме значителна помош на пчеларските здруженија, кои понатака директно се во контакт со одгледувачите на пчели и медопроизводителите“, истакна претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за земјоделство, шумарство и прехрана на Словенија, Александра Пивец.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK