Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Врвни светски готвачи повторно во Охрид

Врвни светски готвачи повторно во Охрид

Сподели

Врвните светски готвачи Андреа Бјачини и Џорџио Диана ќе бидат дел од второто издание на настанот ГАСТРО ТУРА 2019, кој ќе се одржува од 21-ви до 23-ти мај во Охрид, во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Туристичкиот кластер ЕДЕН.

 

Во рамки на настанот ќе бидат одржани посебни Mастер класови, кои ќе ги опфатат темите „Маркетинг – Вреднување на Ресторанот и влијание врз развој на туризмот” и „Кулинарски методи СуВи (Sous Vide) бавно готвење, пастеризација на производи за побогат вкус и хранлива вредност”.

Таргетираната целна група за активно учество на овие врвни обуки, најнапред се студентите по гастрономија од Факултетот за туризам и угостителство и шефовите и готвачите од локалните угостителски објекти. Како втора категорија, овој настан ги таргетира Менаџерите за туризам од Факултетот за туризам и угостителство и сопствениците од локалните угостителски објекти.

Во рамки на Мастер класовите ќе бидат користени локални намирници од Охридскиот регион со цел да се презентира традиционалната кујна, наспроти секојдневното мени на нашите угостителски објекти. Ќе бидат креирани нови кулинарски производи, нови мениа и начини на послужување, како и насоки за современ пристап и однос кон гостите. Со ова се очекува да се подигне нивото на нашето угостителство и да се збогати туристичкиот производ на Охрид.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK