Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид домаќин на Меѓународен карате натпревар

Охрид домаќин на Меѓународен карате натпревар

Сподели

Градоначалникот Константин Георгиески денеска присуствуваше на отворањето на Меѓународниот карате натпревар што се одржува во Охрид.

Во своето поздравно обраќање градоначалникот Георгиески истакна:

-Нема генерација во човечката историја, која во прв план, како своја основна друштвена и индивидуална вредност не ги ставила, животот и здравјето. А основна алатка за здрав живот и ведар дух е спортот и спортските игри.  Затоа огромно е задоволството да се присуствува на отворањето на меѓународниот карате натпревар што по втор пат се одржува во Охрид, а на кој учествуваат околу 700  деца и млади до 18 години од неколку Балкански земји: Северна Македонија, Србија,Црна  Гора , Албанија . Спортот како натпревар или игра има огромно значење за правилен психофизички развој на децата, младите и сите луѓе. „Актерите“ во спортот ја јакнат физичката и психичката кондиција, а во исто време се рекреираат и забавуваат. Велат дека „разликата помеѓу невозможното и  возможното  е одлучноста“, а јас денес во сите вас  гледам одлучни и храбри  млади луѓе.  Не е битно кој тим ќе победи во натпреварувачкиот дел. Битно е дека сите сте посегнале по возможното Победата.  Најпознатиот кошаркарски тренер на сите времиња John Wooden, рекол: „Не ги мери сопствените успеси по она во кое си успеал, мери ги со она што си можел да го постигнеш со своите можности“. Секогаш верувајте во своите способности само така секогаш ќе бидете на врвот.  На крај ви посакувам успешен спортски ден со желба да победи најдобриот тим, а ние во рамки на нашите надлежности како одговорна локална власт ќе  креираме подобри  услови за спортување и одржување на наредни  спортски настани кои се основа за развој на спортски туризам. Секако посакувам слободното време  да го поминете во разгледување на убавините и културно историските знаменитости на Охрид– истакна Георгиески.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK