Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охриѓани протестираа против нелегалната изградба на Алипашината џамија

Охриѓани протестираа против нелегалната изградба на Алипашината џамија

Сподели

Бројни пораки испратија денеска охриѓани на мирниот протес против незаконската градба на Алипашината џамија.

„Заборавете на сите поделби по политичка, национална, етничка линија.. За Охрид се работи ... Охрид е еден и единствен, градот мора да си го заштитиме.. Заедно сме силни поделени сме слаби... Ајде сите заедно да си ја покажиме сплотеноста, а со тоа и љубовта кон Охрид“. Ова се дел од пораките што учесниците на денешниот мирен протест ги испратија и укажаа на нелегалната градба на Алипашина џамија во охридската чаршија, каде се гради минаре високо 32 метри.Незаконската градба ќе има далекусежни последици не само по градот туку и по државата, истакнаа учесниците на протестот.
-Партиите си играат политика,треба да се собере цел Охрид, нема тука партии и политика, да и покажеме на цела Македонија како треба, бидејќи ова не е прашање само на нас тука. Охрид се топи пред наши очи, а историјата ќе сведочи дека ние ја предадовме Македонија.порача Михаил Трендафилов Нанче од „Совест“.
Институциите на системот целосно потфрлија во овој случај, рече Сашо Михајлоски член на „Совест“. Тој остро го осуди отсуство на потребна реакција од страна на домашните институции и изрази надеж дека ќе реагира УНЕСКО. Светската организација со допис е запознаена за случајот со Алипашината џамија, кој ќе се разгледува на 34 сесија на Комитетот за културно наследство што ова лето ќе се одржи во Баку.
- Охриѓани се чувствуваат изманипулирани и измамени. Не престануваме во својата борба за заштита на својот град од бесправно градежно дивеење со што неповратно ни се уништува градот. Ове е прв мирен протест, нема да оставиме работите туку така да исчезнат. Заедно со вас граѓаните будно ќе ги следиме случувањата, ќе алармираме и ќе учествуваме во решавањето на сите голиви проблеми со урбанистичкиот хаос, рече Михајлоски, на денешниот мирен протест пред општинската зграда.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK