Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охриѓанец доби кривична од кичевската полиција

Охриѓанец доби кривична од кичевската полиција

Сподели

49 годишниот охриѓанец сторил две казнени дела.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Р.Џ.( 49) од Охрид како и против М.М.(42) за сторено казнено дело „злоупотрба на службена положба и овластување“, стои во соопштението од полицијата.
- Р.Џ. како вработен во друштво за шпедиција „Сури Шпед” Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купо-продажба на патнички автомобил „Audi“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило. Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација. Второпријавениот М.М.. во натамошна постапка, приложил документација не заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки и своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот, велат од полицијата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK