Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Заев: Премиерот не може да пушти булдожер на Алипашината џамија

Заев: Премиерот не може да пушти булдожер на Алипашината џамија

Сподели

Премиерот не може да биде директен извршител не може да го пушти булдожерот и да руши, рече Зоран заев запрашан од новинарите што ќе преземе во однос на дивоизграденото минаре на Алипашината џамија. 

 -„Премиерот не може да пушти булдожер и да рупи. Да сопре процес, тоа се решава низ институциите сите имаат свои права и одговорности“, рече Заев. 

Тој најави дека повторно ќе има средба со здружението „Совест“ и дека ќе разговара си ИВЗ и инвеститорот од Турција. 

Од здружението „Совест“ утрово му одговорија:

-„Точно тоа го бараме Премиере! Никој од вас никогаш не побарал да носите булдожер и да рушите.. Како Прв над првите во егзекутивната власт треба само да ги терате институциите да си ја работат и сработат работата и да сносат одговорност за она за кое се назначени и за која земаат плата од граѓаните за да си ја вршат работата согласно закон ..Ништо помалку ништо повеќе..Правда и закон во правна држава пред вратите на ЕУ и НАТО..Конечно без префрлање на одговорности и криење под черџе на проблемите.. Убаво изјавивте..Ние охриѓани сме пример за соживот и точно сме мултикултурно општество со почит према сите граѓани од било каква вероисповед, сите го делиме ова парче земја и сите сме еднакви пред Господ Алах..Никој не смее насила, со потсмев и омраза да се однесува спрема другите религии и со своите незаконски активности да си поигрува и предизвикува чувствата на другиот како што е во случајот со Алипашината џамија..Не може и не смее во демократска држава некој јавно да понижува и да се заканува дека Нас никој ништо не ни може, ние ќе одиме до крај противзаконски и не ни е гајле што мислат другите и тоа да остане без никаква одговорност и реакција од Институциите на државата!!! Ние како Здружение на граѓани Совест Ви стоиме на располагање и Го очекуваме што поскоро вашиот повик!!!“, напишаа од „Совест“ Охрид. 

И додека секојдневно граѓаните алармираа за нелегалната изградба на минарето, новинарите пишуваа статии, надлежните ветуваа дека ќе сопре минарето се „вивна“ до небеса. Може да се каже дека првршува изградбата на 23 метри високото минаре среде охридската чаршија. Објектот си доби и купола. Институциите потфрлија, законите во држвата не важат за сите.

Пред очите на целата јавност нелегално се изгради  верски објект кој ја нарушува визурат на надалеку прочуениот Балкански Ерусалим. И тоа е едно од причините за негативниот извештај од УНЕСКО.

ВИДЕО изјавата од премиерот: 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK