Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Младите волонтери избраа лидери

Младите волонтери избраа лидери

Сподели

Масовно, демократски, во позитивна атмосфера младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид на вчерашниот одлично организиран изборен процес избраа Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, координативно тело и претставник од Клубот на млади при Црвен крст Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Македонија.

Во наредниот двегодишен мандат Анастасија Стојаноска и Гзим Демироски ќе ги предводат младите на Црвен крст Охрид во спроведување на хуманата мисија на движењето, во справување со нови предизвици, надградувајќи се себеси и заедницата и помагајќи на оние на кои помош им е најпотребна.

-„Упатуваме честитки на избраните Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, на членовите на координативното тело и на претставникот од Клубот на млади на Црвен крст Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Македонија.
Воедно изразуваме голема благодарност и признание на ангажманот и посветеноста на мисијата на движењето на Црвениот крст на досегашните Лидер, Ристе Лекоски и Заменик Лидер, Бисера Николоска“, иинформираат од Црвениот крст Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK