Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Одбележан Денот на Свети Кирил и Методиј

Одбележан Денот на Свети Кирил и Методиј

Сподели

По повод одбележувањето на 24-ти Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, пред нивниот споменик на кејот „Македонија” во Охрид беше положено свежо цвеќе и беше одржана пригодна свеченост.

 

Свое обраќање пред присутните имаше Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

-Денес, овде пред  нивниот монумент, со посебен пиетет го чествуваме денот на великите сесловенски просветители, Светите Кирил и Методиј. Одбележувањето има посебна симболика зошто пораките  ги  упатуваме од овој простор, каде во непосредна близина се наоѓаат спомениците на нивните ученици Светите Климент и Наум Охридски, продолжувачите на нивното просветителско и духовно дело.

Монументите  на најголемите сесловенски светители се свртени кон Охридското Езеро и кога ќе погледнеш чиниш дека заедно му упатуваат порака на светот во која доминантно место имаат просветителството и хуманизмот.

Светот знае дека светите Кирил и Методиј ја напуштиле царската палата во Константинопол и заминале во просветителска мисија, водени  од идејата дека сите европски народи  под исти услови  треба да имаат еднаков пристап до словото.

Светите  Кирил и Методиј,  биле подготвени да ја жртвуваат својата слобода и својот живот, за да го одбранат правото сите народи да зборуваат на својот јазик. Делото на Кирил и Методиј не згасна. Нивните следбеници, Светите Климент и Наум го продолжија преку работата на  Климентовиот универзитет од каде околу три и пол илјади ученици тргнувајќи од  Охрид продолжиле да ја шират сесловенската писменост и култура.

За нивното дело, признанието дојде дури во дваесеттиот век, кога папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година, во своето апостолско послание EGRIGAE VIRTULIS , заедно со Свети Бенедикт ги прогласи за ко-покровители на Европа, зошто  Кирил и Методиј го дадоа својот влог во Европа, европската култура и цивилизација.

Во историјата на Охрид, што трае повеќе од 6 илјади години, сите цивилизаци оставале траги кои и сега се видливи. Посебни  белези и бројно културно и духовно наследство има токму од овој период, па затоа Охрид се нарекува Балкански Православен Ерусалим и центар на сесловенската писменост и култура.

Ние сме горди што на темелите  кои ги поставија  Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Светите  Климент и Наум, се надоврзаа македонските преродбеници. На нас е да продолжиме да чекориме по тој пат, истакна Ангелоска.

На свеченоста беа доделени награди на најдобрите ученици од основните и средните училишта од Охрид кои добиле признанија на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Во рамки на Програмата за одбележување на Денот на Сесловеските просветители, во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј” во населбата Кошишта беше одржана Панихида посветена на светите браќа и Фолклорен концерт на КУД „Ѓердан”.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK