Вто09172019

Последна промена12:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ЕКО СВЕСТ: Охрид ќе биде ставен на листа загрозено светско наследство

ЕКО СВЕСТ: Охрид ќе биде ставен на листа загрозено светско наследство

Сподели

Нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство.

Кога ќе се даде таква препорака таа понатаму и се усвојува од Комитетот на УНЕСКО и во овие околности таквата одлука е праведна, сметаат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“, пренесува ТВМ телевизија. 

Тоа праќа порака дека како држава сме потфрлиле, не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје кое е едно од ретките не само културни туку и природни заштитени богатства, вели вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест.

„Доколку го изгубиме статусот односно не прогласат за подрачје во опасност мислам дека многу повеќе акцентот и вниманието ќе се сврти кон Охрид и мислам дека треба да ја искористиме шансата да ги пронајдеме сите можни експерти и да ја добиеме сета можна поддршка која ни е потребна вклучително и финансиска за да ја исправиме ситуацијата. Мислам дека тоа е начинот како треба да се справиме со оваа ситуација. “ смета Лешоска од Еко свест.

Ништо драстично нема да се промени до конференцијата во Баку, смета Лешоска. Се отстрануваа билборди и палми но многу поголем ќе беше ефектот доколку во изминатите две години владата преземеше мерки во однос на колекторскиот систем. Лешоска се сомнева колку одлуката на владата за времен мораториум на издавање одобренија за градење, легализирање дивоградби и донесување урбанистичко плански документации се до донесување на Планот за управување со Охридскиот регион ќе се спроведува во пракса.

„Може да се донесат сите одлуки на хартија но како држава не покажавме посветеност во заштитата на охридскиот регион. Ако навистина бевме посветени тоа требаше да го покажеме како што тоа беше направено на албанската страна од езерото со рушење на дивоградбите во крајбрежниот појас. За мене пострашно е што сите овие градби кои веќе се изградени и оние кои се планира да се градат се дополнителен притисок за езерото како еко систем. Езерото веќе бележи фаза на еутрофикација односно заситување со органски материи за што причинител е човекот. “ -вели Лешоска.


Извештајот кој содржи препорака Охридскиот регион да се стави на листата на загрозено светско наследство ќе се разгледува на Конференцијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан од 30 јуни до 10 јули.

ТВМ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK