Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Одредени се локациите за застанување и паркирање на туристичките автобуси

Одредени се локациите за застанување и паркирање на туристичките автобуси

Сподели


Јавното претпријатие "Билјанини Извори", информира за локациите.

Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на улица ,,Кузман Јосифоски Питу,, од почетокот па се до пресекот со улица ,,Партизанска,, (Универзитет Апостол Павле), додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала "Билјанини Извори".
- Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање. Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари, соопштуваат од Јавното претпријатие.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK