Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Внимавајте, боево гаѓање на Бејбунар

Внимавајте, боево гаѓање на Бејбунар

Сподели

Полицијата од утрово има вежба за боево гаѓање.

Денеска, активниот состав на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање.
- Според планот, гаѓањето ќе биде на стрелиштето „Бејбунар, каде утре од 8 часот, иста активност ќе имаат полициските службеници од полициската станица од Општа надлежност Охрид. Денешната вежбовна активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид и урбаната заедница Биљјанини извори, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Димоски вели дека „пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршиле обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“.
- Се молат граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, апелира портпаролот Димоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK