Пон09162019

Последна промена01:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Повредено девојче во сообраќајна незгода

Повредено девојче во сообраќајна незгода

Сподели

Тешката сообраќајка се случила синоќа на патот Охрид-Ресен.

На 25.06.2019 година во 20.15 часот на крстосницата на магистралниот пат Охрид - Ресен со локалниот пат за селото Куратица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(22) од Охрид.
- Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“. Тие биле пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK