Вто11192019

Последна промена03:56:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Геогргиески: Охрид беше и ќе биде светско наследство

Геогргиески: Охрид беше и ќе биде светско наследство

Сподели

Охрид беше и Охрид продолжува да биде Светско природно и културно наследство.

Н-а 43-та сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, која се одржа во Баку - Азербејџан, нашата делегацијата оствари бројни билатерални среби со претставниците на земјите членки на Комитетот на кои беа презентирани актуелните состојби и чекорите кои беа превземени во изминатот период од страна на Владата и Општина Охрид, по однос на 19-те препораки на последната реактивна мисија за Охридско-Струшкиот регион од 2017 година. На сите состаноци преовладуваше исклучително позитивна атмосфера на доверба и разбирање за аргументите и фактите околу постапките на Владата и Општината по однос на препораките на реактивната мисија. Видлив беше фактот на еднострана комуникација помеѓу комитетот и државните институции поради што голем дел од информациите или не беа стигнати до членовите или не беа соодветни артикулирани и пренесени. Без искулучок на сите билатерални средби беа поздравени заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид, по однос на: • Ревизијата на проектот на пругата кон Република Албанија, автопатот Струга-Ќафасан, проект кој е стар 20 години и воопшто не е предмет на реализација, а беше наведен како еден од забалешките на реактивната мисија во 2017-та. (Препорака број 1 ,2 и 3) • Напуштањето на проектот за експресниот пат А3, Охрид – Св. Наум. (Препорака број 4) • Трајно напуштање на проектот за Ски Центар Галичица , препорака број 5 . • Носењето на предлог закон за мораторум на градба во Охридско-Струшкиот регион. (Препорака број 6) • Носењето на планот со управување со културното наследство. (Препорака број 7 и 8) • Формирањето на јавното претпријатие Колекторски систем и консолидација и модернизација на колекторот. (Препорака број 13). • Изработка на елаборат за оценка на влијание на животната средина на Заливот на коските , кој покажа дека нема влијание врз животната средина и истиот е прифатен од советодавните тела на УНЕСКО , ИКОМОС и ИУЦН. (Препорака 14). • Компанијата ЕЛЕМ со цел подобро управување на нивото на Охридското езеро предвиде 240.000 УСД , за воиспоставување на ситем на електронска регулација на нивото на езерото. (Препорака број 15). • Регулацијата на сообраќајот во Стариот дел на градот Охрид. (Препорака број 18). • Изработката на регистарот на Бесправно изградени објети. (Препорака број 9). • Постапувањето по препораката број 19 и отстранување на неавтохтоните и инвазивни видови (палми) и материјали од центарот на градот (билборди), • Решеноста на Владата за во рок од 6 месеци се изработи Планот за управување со културно наследство на Охридски-Струшкиот регион. Вредно е да се напомене дека, првата реактивна мисија за Охридско-Струшкиот регион од Унеско била во 1998 , втората во 2013, третата во 2017 година . Во сите мисии уште од 1998 година се нотирани забелешки и препораки по кои од сите влади, без исклучок не е соодветно постапувано, што резултираше со предлог до Комитетот, Охридско-Струшкиот регион се стави на листа на Светско наследство во опасност. Сепак, едногласен беше ставот на членките на Комитетот дека презентираните чекори, политичка волја и подготвеност да се постапува по наодите на стручните тела на УНЕСКО, се значаен исчекор во однос на сите предходни Влади, поради што се прифати амандманот на нашата делегација во Февруари 2020-та да доставиме извештај за напредок по препораките, а на следната 44-та сесија, повторно да се разгледува целокупниот едногодишен напредок на властите во имплементација и отстранување на забелешките. Остануваме отворени за сите политички и општествени чинители во градот и во државата. Нудиме соработка на експертската јавност, граѓанскиот сектор и медиумите. Но, за да имаме одржливи решенија, неопходно е партнерство со граѓаните на Охрид. Во таа насока, ја најавувам следната активност уште утре, активност според препорака број 18: Во Големата општинска сала ги повикуваме жителите на Стар Град од 20 часот на средба на која ќе се презентира моделот за регулирање на сообраќајот во истиот. Дополнително ќе печатиме материјали и ќе користиме и други канали за комуникација со цел да ја зголемиме информираноста кај граѓаните и да ја зајакнеме свеста за мерките кои ги превземаме. го попречуваат имплементирањето на препораките од УНЕСКО . Почитувани, како што напоменав при моето заминување во Баку. Ништо нема да се случи преку ноќ ниту пак ќе биде едноставен овој процес. Битката за спас на Охрид допрва ќе се интензивира. На сите полиња. Посветеноста моја како Градоначалник, на Општината и на Владата е целосна и недвосмислена. Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид туку и функционалноста на политичкиот систем во државата.Одговорност за сите. Отстапки за никого, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот Константин Георгиески. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK