Чет12122019

Последна промена01:21:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Делегација од Охрид во работна посета на Унгарија

Делегација од Охрид во работна посета на Унгарија

Сподели

 

Делегација на Општина Охрид составена од членовите на Советот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Лидија Петкоска и Снежана Стефаноска, од 3-ти до 5-ти јули престојуваше во работна посета на Веспрем, Унгарија.

 

Посетата беше во насока на зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Веспрем, кои веќе имаат воспоставено одредени билатерални односи.

Овој унгарски град е прогласен за Европски град на културата за 2023 година и за таа цел локалните власти, организираа Конференција, за презентација на своите планови, размена на искуства и концепти за подобрување и зголемување на понудата на културни настани и манифестации.

Покрај учеството на конференцијата, охридските советници, оствариле средби со локалните власти на Веспрем, на кои се разговарало за размена на ученици од основните училишта од двата града, вклучувајќи го и музичкото училипте, а било разговарано и за размена на студенти од Факултетот за туризам, како основа за заедничка стратегија за развој на туризмот. Исто така било разговарано и за продлабочување на соработката во областа на спортот, особено во делот на ракометните клубови, како и за зголемување на соработката во рамки на организацијата на различни културни настани и манифестации.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK