Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Има ли потреба од START – UP центар во Охрид?

Има ли потреба од START – UP центар во Охрид?

Сподели

Општина Охрид преку прашлник ја анализира потребата од формирање на Старт ап центар во Охрид.

 

-„Овој прашалник има за цел да ги оцени потребите на граѓаните од Општина Охрид како и независните консултанти, и ќе послужи како основа за креирање на анализа за отворање на START – UP центар на територија на Општина Охрид.

START – UP центарот ќе претставува место каде младите претприемачи и иноватори ќе ја имаат целосната поддршка, менторство и сите потребни услови за развој на нивните бизнис планови и иновации. На младите кои ќе стартуваат со бизнис овој бизнис центар ќе им нуди простор, опрема и обуки за реализација на нивните бизнис плановите.

Прашалникот е дел од јавнинот повик објавен од страна на Општина Охрид за “Услуги за изработка на анализа за креирање на старт-ап центар”.
Анализата ќе биде изработена од страна на О3 Инвест од Скопје“, информираат од општина Охрид.

Кликнете на сликата за пристап до ПРАШАЛНИКОТ…

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK