Нед09222019

Последна промена11:24:27 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се издаваат унифицирани тезги за продажба на сувенири

Се издаваат унифицирани тезги за продажба на сувенири

Сподели

Јавното претрпијатие „Градски пазар“ распиша оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема за продажба на сувенири.

 

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење.

Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

I. Локации за поставување урбана опрема за продажба на сувенири;

Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат на :

*Источниот дел од плоштад Крушевска Република, вкупно 6 локации

Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии (2 х1) м.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 6 (шест) месеци.

 

II. Почетна цена за издавање на локација е:

локација за продажба сувенири на унифицирани тезги ( 2 х 1)м од 2 м2 со почетна цена 3.422.оо денари/месечно (со ДДВ);

2.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

2.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, приклучок и трошок за електрична енергија.

2.3 Приклучокот и трошокот за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

2.4 Трошоците за одржување на хигиена ќе бидат на терет на ЈП Градски Пазар

2.5 Трошокот за комунална такса изнесува 7,50 (седум денари и педесет дени) од м2 дневно.

2.6 Договорите со најповолните понудувачи ќе се склучат за период од 6 (шест) месеци.

2.7 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

 

Образецот понуда и останатите документи потребни за учество на огласот може да се подигнат преку официјалните страни на Општина Охрид (ohrid.gov.mk) и ЈП Градски Пазар Охрид (www.gradskipazarohrid.mk).

Заинтересираните понудувачи своите понуди треба да ги достават во затворени коверти со назнака за оглас 02/2019, најдоцна до 17.07.2019 година до 13.00 часот на следната адреса: ЈП Градски Пазар Охрид Булевар Туристичка бр. 79 Охрид -Комисија за спроведување на оглас 02/2019.

Целокупниот текст на огласот може да се превземе од официјалните страни на Општина Охрид (ohrid.gov.mk) и ЈП Градски Пазар Охрид (www.gradskipazarohrid.mk).

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK