Чет07182019

Последна промена03:51:29 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Инес Неделковска и Рикардо Хуна – млади надежи на македонската музичка сцена

Инес Неделковска и Рикардо Хуна – млади надежи на македонската музичка сцена

Сподели

Како предвесник на фестивалот „Охридско лето“, синоќа во црквата „Света Софија“ започна „Подиумот на млади“ во организација на Музичката младина на Македонија.

 

Според претседателот на Музичката младина на Македонија Александар Герасимовски, станува збор за проект којшто се враќа на фестивалската сцена по подолга пауза, со концерти на млади домашни музичари.

-Проектот траеше 22 години, а потоа од некои причини беше прекинат. Годинава, а се надевам и во текот на следните години,  „Подиумот на млади“ ќе биде заедничко чедо на Музичката младина на Македонија и на фестивалот „Охридско лето“  како што беше и претходно. Производ на таа љубов се фантастични концерти на млади музичари . Годинава сите се од нашата земја. Имаме пресек на актуелниот момент на македонското младинско музичко творештво, вели Герасимовски.

На подиумот во црквата „Света Софија“ синоќа настапија младата и талентирана пијанистка  Инес Неделковска, како и кларинетистот Рикардо Хуна кој настапи во пијано-придружба на Билјана Петровска.

- Искрена благодарност до дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“ и  Музичка Младина на Македонија за поканата да настапам на овој престижен фестивал,  во рамките на Подиум на млади.Голема чест и привилегија е да се настапи на овој реномиран европски фестивал, а одговорноста е уште поголема.Од најмала возраст сум присутна на концертите на големите светски уметници што настапуваа во црквата „Света Софија“, а сега чувството е навистина прекрасно и јас да настапам во овој простор и да свирам на истиот клавир на кој свиреле Соколов,Березовски, Лугански, Мацуев , Володос и многу други светски пијанисти. Благодарение на големата посветеност на мојата професорка Нина Костова, како победник на повеќе  меѓународни натпревари по клавир, имам настапено во најистакнатите светскиконцертни сали, како што се: Карнеги Хол и КауфманЦентарот во Њујорк, Ројал Алберт Хол во Лондон, Театарот Росини во Италија, Филхармонијата во Париз и многу други, но концертот на „Охридско лето“ е исполнување на мојот сон од детството, вели младата Неделковска.

Кларинетистот Рикардо Хуна е ученик во втора година, во ДМБУЦ „ Илија Николовски – Луј“ , во класата на проф. м-р Б. Трајковски. Со свирење кларинет почнува од 2012-2013 година. Во текот на последните години Хуна со своето музицирање достојно се претставува себеси и своето училиште не само во државата, туку и надвор од неа.

-За мене е голем успех и поттик да свирам повеќе и да освојувам поголеми успеси. Голема е честа да се настапува на „Охридско лето“. Неодамна освоив гран-при на фестивалот „Охридски бисери“. Ја освоив и Ем-си наградата  и ќе престојувам во Германија каде што ќе имам мастер-клас, а следуваат и концерти низ Германија и Холандија, вели Хуна.

Во рамките на „Подиумот на млади“, вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“  концерти ќе одржат флејтистката Јана Каевска во пијано соработка со Ивана Јанаќиева и младиот пијанист Арда Мустафаоглу.  Проектот ќе биде заокружен утревечер со настап на виолинитската Наоми Георгиевска во пијано соработка со Доминика Робе и сопранот Мила Јаневска во пијано соработка со Билјана Петровска.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK