Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Улична мачка нападна гостинка од Полска

ФОТО: Улична мачка нападна гостинка од Полска

Сподели

Звучи неверојатно, можеби и помалку комично, но вистинито. Улична мачка нападна туристка од Полска во Охрид.

50 годишната Ребека од Полска имаше непријатно доживување додека ручаше  на градскиот плоштад во Охрид. Одненадеж, без никаква претходна реакција улична мачка ја изгриза на десната нога. Преплашена гостинката побара медицинска помош. Со помош на охриѓани беше  однесена  на Брза помош., каде и беше исчистена раната. Превентивно гостинката беше препратена во охридската болница на Инфективното одделение.

Докторите утврдија крвава рана од заби на мачка на десната нога и превентивно препорачаа вакцина против беснило.

-Не можам да верувам дека ме касна мачка. Просто е неверојатно, не ми е јасно зошто. Никогаш не ми се случило вакво нешто, вели повредената,  во ексклузивна изјава за Охриднет. 

Мошне интересно е што ова не е прв случај во Охрид. Од Инфективното одделение за Охриднет  велат имало регистрирани неколку напади  на мачка. 

 

Ова е мачката која ја изгриза туристката. Денес Ребека е на ревакцинација во охрдската болница. Комплетниот третман ја чнеше околу 4000 денари. 

автор Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK