Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ураганскиот ветер донесе штети во охридскиот регион

Ураганскиот ветер донесе штети во охридскиот регион

Сподели

Невремето синоќа донесе урагански ветер, силен дожд и големи штети.

Синоќешното невреме проследено со урагански ветер, дожд и грмотевици, предизвика големи штети кај туристичкиот комплекс „Св.Наум“ но и во Љубаништа и Трпејца. Ураганскиот ветар, синоќа искрши дрвја и носеше гранки на сите страни оштетувајќи автомобили со кршење на стаклата и нагмечувања на каросеријата. Дел од оштетените возила не се во возна состојба, велат за Охриднет нивните сопственици. Силниот ветар синоќа откорна и неколку тополи во автокампот во Љубаништа и вистинска среќа е што не повреди некој од туристите кампери. Стебла од стари и високи дрва топола и јасика ги откорна силниот ветар во туристичката населба Трпејца и предизвика штети на автомобили и куќи. Ова се фотографиите на гостин во кампот кои сведочат за страшното невреме и за предизвиканите штети.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK