Вто09172019

Последна промена12:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се проширува паркингот на Горна Порта

Се проширува паркингот на Горна Порта

Сподели

Со цел да се обезбедат подобри услови за паркирање за жителите и гостите од стариот дел на градот, општина Охрид започна со чистење, проширување и поплочување на паркинг просторот кој е лоциран на потегот пред „Горна Порта”.

 

Работните активности на терен ги изведува ЈП „Градски гробишта” и истите се очекува да финишираат до понеделник 15-ти јули 2019 година, кога ќе започне да функционира новиот систем за електронско евидентирање на движењето на возилата во стариот дел на градот.

Воедно, ЈП „Билјанини извори” ги известува граѓаните од овој дел на градот, дека согласно одлуката на Советот на Општина Охрид, сите сопственици на објекти за изнајмување (апартмани, соби, вили, хотели) може да закупат паркинг место на паркингот „Горна Порта” за потребите на своите гости. За повеќе информации за целокупната постапка, може да се обратат секој работен ден кај службите на ова јавно претпријатие.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK