Сре11202019

Последна промена12:26:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Мирен сон“ го изврши првото кремирање во регионот

„Мирен сон“ го изврши првото кремирање во регионот

Сподели

Деновиве за прв пат во Охрид   е кремирано починато чице, согласно сите светски и законски нормативи.

Кремирањето беше извршено  по барање на починатиот, односно неговото семејство.  Бидејќи во земјава нема крематори, целокупниот процес беше извршен во соседна Србија. 

-„Деновиве за прв пат во регионов реализиравме кремирање на починато лице, почитувајки ги сите светски нормативи.
Оваа постапка која кај нас се уште не се применува, ја изведовме надвор од границите на нашата земја и тоа професионално, навремено и точно, следејки ги сите законски протоколи.Како и секогаш, целта беше да ја задоволиме потребата на корисниците на нашите услуги.Благодарност до нашите колеги и пријатели во странство кои ни излегоа во пресрет и максимално се ангажираа за брзата реализација на целокупната постапка“, велат од погребалниот опертор Мирен сон Охрид.


Православието и исламот не признаваат кремирање, иако тоа се применува и во земјава и во соседството. Предност во кремирањето е што урната со остатоците од кремираното починато лице зафаќа  стократно помал простор во однос на гробот, каде се полага телото на покојникот. Целиот погребен процес е поевтин во однос на традиционалниот погреб. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK