Вто12102019

Последна промена02:41:28 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Лекарка од Струга осум години чека вработување

Лекарка од Струга осум години чека вработување

Сподели

Сања Ѓоревски од Струга осум години бара работа како лекар и никаде не ја примаат.

Оваа 34 годишна лекарка од 2011 година до сега се пријавувала за работа на сите конкурси ( вкупно осум во Струга и Охрид), но секаде била одбиена без никакво образложение, пишува Нова ТВ. 

„Досега работа барав на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во Здравствен дом во Струга. Секаде сум одбиена без никакво образложение, само ја добивав Одлуката со одбиените кандидати и толку“, изјави за НОВА, Сања Ѓоревски, лекарка која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје.


Сања е една од одбиените кандидати на последниот конкурс во Општата болница во Струга, заедно со уште еден нејзин колега со кого работат во истата болница по Договор на дело од минатата година. На огласот беа примени 10 лекари, од кои седум што работеле по Договор на дело како неа и тројца штотуку дипломирани кои волонтирале во болницата во последните 3-4 месецИ.

-„Иако бев на првите места на ранг листите никогаш не бев избрана. Така е и на последниот оглас во болницата во Струга од 11.07.2019 год. Од вкупно 10 избрани доктори, иако бев осма на ранг листата и овој пат не бев избрана, а работам со Договор на дело во истата болница. Наместо да се изберат првите 10 кандидати од ранг листата избран е дури последниот кандидат , 23 -тиот по ред на листата“, вели оваа лекарка.

Целата сторија на НОВА ТВ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK