Вто12102019

Последна промена02:41:28 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО ДПМНЕ: Дали власта кривично ќе го гони советникот Нефи Усеини?

ВМРО ДПМНЕ: Дали власта кривично ќе го гони советникот Нефи Усеини?

Сподели

Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават слеп народот, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот во УНЕСКО, обвини на денешната прес конференција Наум Стоилковски портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

-„Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини?
Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која власта ја толерира.
Законот во член член 244-а велидека Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба без одобрение за градење или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон.
Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизис - партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.
Затоа јавно прашуваме: Дали градоначалникот Константин Георгиески освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба?
Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба?
Дали градоначалникот Георгиески е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет?
Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законот. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.
Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чуствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободени од канџите на Заев и сите ќе одговараат. Тоа време брзо ќе дојде“, подвлече Стоилковски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK