Пет08232019

Последна промена05:13:16 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се проширува Костал во Охрид

Се проширува Костал во Охрид

Сподели

Се проширува Костал во Охрид. Германската инвестиција ги прошири своите погони, градејќи нови хали и канцеларии во Косел кај поранешен Емо. Заврши првиот циклус на инвестиции, а веќе е потпишан договорот за втората фаза од инвестицијата, која ќе изнесува над 40 милиони евра.

„Ние како држава ќе продолжиме и понатаму да ги првлекуваме странските инвеститори , тие да соработуваат со домашните компании Но такви странски инвеститори кои што ќе запослауваат луѓе со високо образование ќе отвораат високо платени работни места. Денеска слушнавме дека 42% од вработените во Костал се со високо образование и дека просечната бруто плата во оваа компанија изнесува 820 евра што е исклучително и таргет на владата константно подобрување на условите за вработените и раст на платите во нашата држава“, рече вицепремиерот Коста Анѓушев.


Во моментов во охридската фабрика на Костал работат повеќе од 400 луѓе ,меѓу нив има инжинери од цела Макеоднија. Во следните пет години ќе се вработат уште 750 нови лица.

-„Треба да стигнеме до 1150 вработени до крајот на 2025 и во моментов имаме 80 вработени инжинери. Не смао што како што кажа вицепремиерот имаме 42 % со високо образование но и инжинерскиот кадар кој го најдовме не само регионално во регионот туку и низ цела макеоднија многу е важно она што соработуваме со универзитетите и начинот на кој г обулуваме идните кадри бидејки имаме високо софистициран технолошки процес“, рече Виктор Мизо директор на Костал.

-„ Во иднина ќе се залагаме и ќе помагаме на секаков можен начин за поголем раст и усовршување и да ја изразиме нашата гордост што вакви високо технолошки производи се произведуваат во нашиот град. Ние ги анимираме младите да учат да се усовршуваат за да можат дојдат до работни места во вакви страски комании кои се гордост и на Охрид и Макеоднија“, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Во земјава има двесте германски инвестиции, во охридскиот регион Костал е најголема, но и една од трите најважни од групацијата во Европа.

-„Тоа е доказ дка нашите билатерални односи се на високо ниво. Можам да кажам дека имаме 200 германски компании кои имаат инвестирано во државата и преку 15 000 работни места со што ние сметаме дека помагаме поприлично на патот на интеграциите на државата во ЕУ и Нато“, рече германскиот амабасадор Томас Герберих.

-„Во моментов вработуваме 400 луѓе кои што работат со високо технолошки процеси и вистина е задоволство да се види како од браунфилд инвестиција сме стигнале до оваа состојба денес. Замислете дека овде порано било некогашно ЕМО тоа сега може да го препознаете доколку погледнете стари слики. Ова е смао првиот чекор од плановите кои што ги имаме во иднина“, рече Ки Кникман извршен директор на групација „Костал“.

Планот е Костал во блиска иднина да има извоз од околу 300 милиони евра на годишно ниво. Во моментов во Македонија се градат 30 фабрики, а бројките на дирекните странски инвестиции минатата година достигнаа 624 милиони евра.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK