Вто12102019

Последна промена02:41:28 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Најмногу преставки за дивоградби поднесени во Охрид

Најмногу преставки за дивоградби поднесени во Охрид

Сподели

Охрид и во 2018 е рекордер по број на претставки за дивоградби од страна на поединци, правни лица и групи на граѓани пријавени во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Според извештајот кој го доби „Фактор“ од Инспекторатот, охриѓани 47 пати пријавувале неправилности, односно можни прекршувања на законот за градење и законот за просторно и урбанистичко планирање. Бројот на пријави од засегнатиот граѓански сектор се зголемува, а една година претходно тие биле 40.


На второ место е Чаир, со 44 преставки. Во Гостивар имало 21 пријава за дивоградби лани, што е речиси три пати повеќе од една година претходно. Во Бутел во 2018 имало дури 11 претставки за можни дивоградби, односно пет повеќе за една година, а слични бројки има и Велес. Три пати повеќе пријави до Инспекторатот имало и од Илинден и Сарај, а два пати повеќе во Кичево и Сопиште.


Подрачја со најголеми шанси за нови дивоградби, според евиденцијата на преставки до инспекторатот и податоците од локалните самоуправи, се Центар, Карпош, Чаир, Охрид, Куманово, Струга, Струмица, Бутел и Гостивар.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK