Вто12102019

Последна промена02:41:28 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид најбарани хотелите со 4 и 5 ѕвезди

Во Охрид најбарани хотелите со 4 и 5 ѕвезди

Сподели

На брегот на Охридското езеро најбарани  хотелите со  4 и 5 ѕвезди. Странците, кои доаѓаат преку субвенционираните тур оператори, бараат удобност и луксуз.

 Токму поради тоа, повеќето  охридски хотели , последниве години презедоа градежни активности, за добивање на  ѕвезда повеќе.

Се следи трендот во хотелиерството, се  градат  внатрешни, надворешни базени, модерни спа центри, се реновираат собите.

- „Хотелите од пет ѕвезди се најценети на обалата на Охридското езеро, најмногу барања има од сите оператори па дури и во последно време и од домашните гости. Ги охрабрувам сите што можат да влезат во тој бизнис да ги променуваат тие вили приватни во мали хотелчиња каде што ќе можат  постепено да ги сголемуваат капацитети“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Државата мора да изнајде начин за активирање на затворените хотели, кои се грда слика за туризмот во Охрид Хотелот „Палас“, одмаралиштете ПТТ  во срцето на Охрид , со децении се распаѓаат пред очите на сите. Иста е судбината  и на хотелот „Славија“.

„Јас имав поинаков предлог што треба да се применува и тоа е така во сите туристички развојни зони. Ако некој објект не се реновира, една , две или пет години тогаш да се зголемуваат даноците на тој истиот објект заради губитоците на градот што  би требало да ги добива од самиот објект. Треба да се направи стратегија и долгорочно планирање по кое ќе знаеме точно каде ќе се тие локации за хотели“, предлага  Блажески.

Потребни се и нови локаци за изградба на  луксузни хотели, ускладени  со препораките на УНЕСКО.

- „Честопати спомнуваме дека нови градби не ни се подигнуваат , со четири ѕвезди. Многу се малку може да се избројат на една рака. Сум кажал повеќе пати дека трпи изгрдба на хотели со четири ѕвезди да се најдат локации, да се направат детално урбанистички планови, кои ги споменуваме. Тоа е една основа и почеток за една туристичка развојна зона каде што секој ќе знае што смее да изгради што не смее и тоа ќе биде пркеин на палење на трските, прекин  на обвинувања меѓусебни зошто некој пуштил тераси итн“, додава Блажески.

Современите туристи бараат повисоки стандарди. На брегот на Охридското езеро псоледните години се изградија повеќе луксузни хотели, кои можат да одговорат на барањата на пребирливите гости.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK