Сре11202019

Последна промена12:26:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Еколошки концепт на Охрид, први тераса ќе отстрануваат сопствениците на „Аквариус“

Еколошки концепт на Охрид, први тераса ќе отстрануваат сопствениците на „Аквариус“

Сподели

Култното охридско кафуле на брегот на Охридското езеро „Аквариус“ ќе ја отстранува терасата. 

 Сопственизците самоиницијативно испратиле писмо до градоначалникот дека ќе ја отстранат тераста која навлегува во вода, а после тоа просторот соодветно да се уреди.

Целта е да се следат препораките на УНЕСКО, а Охрид да гради нов еколошки концепт. 

-„Во моментот кога ке стишат и ова сезона платформата ке е отстранета.Моја ЛИЧНА заложба е да се отстранат платформите уште пред неколку години бидејки платформите не се решение.На Охрид посебно на градското подрачје му недостигаат плажи од камен песок и врби. Тоа што изникнаја платформи годиниве наназад е нешто што не го оправдувам ама кога ќе бидиш опколен од платформи ке мораш да ја прифатиш игратаА за то и тквото рботање и јас и мојот објект сме одговорни.Ке ја трнам платформата не само како знак на подршка на Замерката на Унеско туку и како револт на се шо се случува  кај нас и околу нас. Очекувам дека и мооте колеги кафанџии ќе испочитувет што е во ред и ке си дојме на место. Да имаме кафетерии ,кафани,  ресторани кај  што им е местото Кај шо се по детален урбанистички план зацртани а не во “воздух”, вели Људмил Видически Буде  сопственик на „Аквариус“. 

-„Сакам да се заблагодарам на тераса „Аквариус“ за искажаната еколошка свест и општествена одговорност. На повикот за заштита на градот први испратија писмо до локалната самоуправа дека први ќе ја отстранат платфортмата од Охридското Езеро, а после ќе видиме како овој простор соодветно и плански ќе го уредуваме. Од тука упатувам апел до сите да почнеме да го креираме новиот Охрид со една позитивна намера, а не со репресивни мерки на што не сакаме да бидеме принудени“ , изјави градоначалникот Георгиески.

Се очекува овој потег на сопствениците на „Аквариус“ да го следат и останатите угостители кои со платформи се длабоко навлезени во Охридското езеро. 

Дел од угостителите веќе добија решение за отстранување на платформите во езеро. Отстранувањето се очекува да се случи во септември по завршувањето на сезоната. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK