Нед12152019

Последна промена09:41:47 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид атрактивна дестинација за нуркање

Охрид атрактивна дестинација за нуркање

Сподели

Охрид интензивно развива рекреативен нуркачки туризам. Голем  е бројот на странци,   кои специјално доаѓаат да го запознаат подводниот свет на Охридското езеро. 

 

Од 20 до 40 метри длабочина  љубителите на подводната авантура    имаат можност да се запознаат со археолошките  локалитети, предмети од праисториско време, потонати чамци и  ендемичниот животински и растителен  свет, кои милиони години опстојува во Охридското езеро. 

Бисерно чистата вода помешана со сончевите зраци преку ден и сјајот на месечината преку ноќ е вистински предизвик за сите. 

- „Охридското езеро на секое место каде и да нуркате има што да се види, од ендемични видови на риби до предмети од среден век кои ги фрлле луѓето. Пример ние најчесто нуркаме кај НЦ „Акватек“ во стариот дел на градот на плажата Сараиште. Таму е интересно дека има доста керамички предмети фрлени од среден век.Тоа веројатно им било некое верување на луѓето кои живееле во крајбрежието и некој адет имале и ги фрлале во вода“, Никола Паскали дипломиран археолог по подводна археологија. 

Треба да се искористат потенцијалите, да се „доисплете“ археолошката приказна и да се презентира се` она што може да се види во езерото. 

- „Бидејќи јас сум археолог и малку ме интересираат овие работи. Треба да се истражи зошто се фрлале ќерамичките предмети и да се позиционираат во која количина се и на кое место. 0321 Според мене мислам дека кога ќе им се родело дете како некој адет фрлале садови за здравје. Ова го поврзувам со фрлањето на Велигденските јајца во вода, како адет им било да фрлаат предмети за здравје, бериќет и поголем улов“ , додава Паскали. 

На заинтересираните гости за нуркање им се нудат различни подводни авантури.

–„Имаме различни целни групи, на некои ги интересира живиот свет риби,на  некои подводни археолошки локалитети. Тие кои првпат пробуваат да нуркаат доволно им е само чувството да бидат под вода“, појаснува Паскали. 

Ова лето со подводниот   свет на Охридското езеро се запознаа стотици  нуркачи од сите страни на светот.  Тоа е доказ дека Охрид станува  атрактивна туристичка дестинација  за нуркање.

Новинар Соња Рилковска 

 

Охрид интензивно развива рекреативен нуркачки туризам. Голем  е бројот на странци,   кои специјално доаѓаат да го запознаат подводниот свет на Охридското езеро.

 

Од 20 до 40 метри длабочина  љубителите на подводната авантура    имаат можност да се запознаат со археолошките  локалитети, предмети од праисториско време, потонати чамци и  ендемичниот животински и растителен  свет, кои милиони години опстојува во Охридското езеро.

 

Бисерно чистата вода помешана со сончевите зраци преку ден и сјајот на месечината преку ноќ е вистински предизвик за сите.

 

- 02 32„Охридското езеро на секое место каде и да нуркате има што да се види, од ендемични видови на риби до предмети од среден век кои ги фрлле луѓето. Пример ние најчесто нуркаме кај НЦ „Акватек“ во стариот дел на градот на плажата Сараиште. Таму е интересно дека има доста керамички предмети фрлени од среден век.Тоа веројатно им било некое верување на луѓето кои живееле во крајбрежието и некој адет имале и ги фрлале во вода“, Никола Паскали дипломиран археолог по подводна археологија.

 

Треба да се искористат потенцијалите, да се „доисплете“ археолошката приказна и да се презентира се` она што може да се види во езерото.

 

-03 06 „Бидејќи јас сум археолог и малку ме интересираат овие работи. Треба да се истражи зошто се фрлале ќерамичките предмети и да се позиционираат во која количина се и на кое место. 0321 Според мене мислам дека кога ќе им се родело дете како некој адет фрлале садови за здравје. Ова го поврзувам со фрлањето на Велигденските јајца во вода, како адет им било да фрлаат предмети за здравје, бериќет и поголем улов“ , додава Паскали.

 

На заинтересираните гости за нуркање им се нудат различни подводни авантури.

 

0410 –„Имаме различни целни групи, на некои ги интересира живиот свет риби,на  некои подводни археолошки локалитети. Тие кои првпат пробуваат да нуркаат доволно им е само чувството да бидат под вода“, појаснува Паскали.

 

Ова лето со подводниот   свет на Охридското езеро се запознаа стотици  нуркачи од сите страни на светот.  Тоа е доказ дека Охрид станува  атрактивна туристичка дестинација  за нуркање.

 

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK