Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Паскали: За СДСМ дадениот збор важи, задоволни пациенти задоволни аптекари

Паскали: За СДСМ дадениот збор важи, задоволни пациенти задоволни аптекари

Сподели

СДСМ како партија уште еднаш докажа дека за нас дадениот ЗБОР - ВАЖИ, рече Васко Паскали од ОО на СДСМ Охрид. 

-„Во предизборните програми едно од нашите ветувања беше напуштањето, поточно укинувањето на квотите за лекови во аптеките ширум земјава.
Владата на Република Северна Македонија, поточно Министерството за здравство е на пат ова прашање да го реши во интерес на сите.
Задоволни пациенти - граѓани и задоволни сопственици на аптеки. Тоа ни е целта.
Значи ЗБОРОТ за СДСМ – ВАЖИ.
Придобивките од ваквата заложба на Владата меѓу првите ги почувствуваа , токму граѓаните – пациентите од Охрид и оние кои летуваат на крајбрежјево а им се потребни лекови.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче деновиве информираше дека за месец август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен.
Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизми за заштита од злоупотреба.
Почитувани граѓани и почитувани медиуми!
Ова значи дека за секој лек којшто ќе биде издаден на рецепт, рецептот ќе биде реализиран од страна на Фондот за здравствено осигурување.
На овој начин ќе се надмине проблемот со недостатокот од лекови, односно, лековите на рецепт и тие ќе бидат подостапни за пациентите во текот на цел месец а не како досега во првите петнаесет дена од месецот. Вака граѓаните ќе бидат поспокојни дека во секое време медикаментите ќе им се достапни“, додаде Паскали. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK