Вто12102019

Последна промена09:41:55 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО: Кои квоти се укинуваат, кога лек нема на рецепт?

ВМРО: Кои квоти се укинуваат, кога лек нема на рецепт?

Сподели

ВМРО ДПМНЕ Охрид со реакција на укинувањето на квотите на лекови во Охрид.

 -„Власта на СДСМ и министерот Венко Филипче само ветуваа, но ништо не спроведуваа. СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во здравството само ветуваа, но тоа никако не се исполнува.

Васко Паскали да одговори кои квоти ќе се укинат, ако во последниве месеци не може да се најде лек на рецепт до 5-ти во месецот?
Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи, а целта е пред избори да освојат симпатии кај граѓаните.
Требаше да поминат повеќе од две години за сега да се најави мерката којашто претставува чист популизам, бидејќи знаат дека се приближуваат предвремени избори.
Ги запрашал ли Паскали аптекарите дека идејата за укинувањето на квотите не е добра?
Наместо да им се извинат на граѓаните дека нема доволно лекови, а на докторите затоа што лажно ги обвинија, тие без малку срам излегуваат пред нив.
Пред граѓаните најпрво треба да објаснат каде ги трошат парите од Фондот за здравствено осигурување и за што, а потоа да ветуваат.
Кога веќе решил секратарот на СДСМ Охрид да се слика пред Маларична без медиуми и да кажува ветувања, тогаш треба да знае дека граѓаните од него очекуваа да каже дека Министерството за здравство и општина Охрид изградија Нов современ Здравствен дом на местото на старата локација. Исто така како што и докторите очекуваа 100 илјади денари плата. Но тоа не е така.
Затоа за СДСМ зборот не е збор и не важи.
Со СДСМ нема задоволни пациенти, нема задоволни граѓани!“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK