Вто12102019

Последна промена09:41:55 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Дуке Бојаџиев: Иако не сум од Охрид, Охрид ми е најголемата дома

Дуке Бојаџиев: Иако не сум од Охрид, Охрид ми е најголемата дома

Сподели

Дуке Бојаџиев со моќен апел за спас на Охридското езеро  на неговиот  концерт  на Долни Сарај. 

 

Тој  на Охридското езеро му го посвети  концертот кој го одржа во рамки на Охридско лето.

Бојаџиев  ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.

Запалените свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” - рече тој.

 -„Целиот концерт го посветувам на Охридското езеро, кое во псоледно време станува се` позагрозено.  Тука пораснав, од моето детство доаѓам тука и сакам да повикам до сите структури во државата кои може да помогнат апелирам да се заложат. Илјадници години езерото било инспирација на писатели, уметници, поети, музичари. Имам специјална тема која ја напишав се вика Охрид и ја посветувам на градот во кој пораснав. Иако не сум роден тука така го чувствувам Охрид ми е најголемата дома. Жетајќи низ светот видов ногу убавини но, тука има таква уникатна енергија која некогаш живеејќи овдека не ја гледаме. Имаме природно богтство кое ретко каде го има во светоти терба да го зачуваме“, рече на концертот Дуке Бојаџиев. 

Над илјада свеќи гореа за спас на Охридското езеро. 

Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK