Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Не скокајте на глава во Охридското езеро!

Не скокајте на глава во Охридското езеро!

Сподели

Охридските плажи деновиве преполни со капачи. Разладувањето во водите на езерото е вистинско уживање на жешкото време.

 

Токму затоа ви пренесуваме препорака , апел - „никогаш не скокајте на глава во Охридското езеро“. Иако многумина уживаат, но скокот на глава е опасна забава. 

20% од повредите на р`бетот се последица, токму  на скокање со глава во вода.

-„Не  скокајте во вода без да знаете какво е и што има на дното. Кога удира главата во дното, е еден вектор на сила, а тежината на телото претставува друг вектор на сила. Во судар на два вектора на сила се крши прешленот. Тој се дроби и прешленските парчиња се набиваат во `рбетниот мозок и вршат компресија или комплетно го прекинуваат `рбетниот мозок. Прешлените се изместуваат, и сето тоа води до повреда на `рбетниот мозок со невролошка парализа, која може да биде фатална по животот“, советуваат лекарите. 

Езерото помни многу несреќи кои завршиле фатално. 

Ова лето , имаше две несреќи при скок во вода. И двете се случија на плажите во Лагадин. Едната заврши фатално. Триесетипет годишен маж од Свети Николе почина поради тешките повреди на главата, откако  скокнал во Охридското езеро и удрил во голем камен.

Пред извесно време момче скокнало на глава, исто на плажите во Лагадин и се здобило со тешки повреди на вратот. 

Пред неколку години момче од Скопје скокна на глава на една од поблиските плажи после мостот Студенчишта.  Со тешки повреди на рбетниот столб остана парализиран за цел живот. 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK