Чет08222019

Последна промена05:13:16 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Донев обвинува за лошите состојби во образованието

Донев обвинува за лошите состојби во образованието

Сподели

Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид Сашо Донев. 


-„Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажа уште со ребалансот кога имавме драстични кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски.
Да биде трагедијата поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители.
Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?
Зарем мораше од фирма која и без тоа има најмногу вратен долг годинава?
Не чувствувате барем ни малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат?
Зарем не Ви беше доволно враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита?
Додека превозните услуги се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратија неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари.
Локалната власт и градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите“, додаде Донев. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK