Нед09222019

Последна промена11:24:27 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Канадери го гасат пожарот кај Велмеј

Канадери го гасат пожарот кај Велмеј

Сподели

Не стивнува огромниот пожар што вчера пламна кај Велмеј

Охридските пожарникари од вчера и цела ноќ, но и денеска се борат со пламените јазици што го зафатија атарот на селото Велмеј-општина Дебарца. Условите за гасење се неподносливи и исклучително тешки, големиот оган ја зголемува и онака високата температура од тропските жештини што владеат и на тоа подрачје. Од денеска во гасењето на пожарот се вклучија и специјалните ер трактори-канадери кои истураат голема количина вода на зафатените шумски појаси на Илинска планина. Но силниот ветер и високите тепмератури не се сојузник, напротив го разгоруваат огнот кој, моментно се шири и кон селата Велмеј и Сошани. Драматична е ситуацијата, вознемирено е месното население, бараат помош за локализирање и гасење се додека не е прекасно. Им помагаат на пожарникарите но сите заедно мораат да внимаваат и на своите животи.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK