Пет08232019

Последна промена05:13:16 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ГДУ бара одговор за високите цени, што плажите ги наплатуваат на црно

ГДУ бара одговор за високите цени, што плажите ги наплатуваат на црно

Сподели

ГДУ бара одговор за високите цени на плажите кои работат на црно.

 

-„Пред една недела побаравме одговор од градоначалникот, но сѐ уште не добивме одговор за наплатата на црно на одедени локации по плажите. Деновиве добиваме пораки од наши загрижени сограѓани за нови такви локации, а една од нив е земјиштето пред хотелот Орце Николов, наспроти хотелот Белведере. Наплатата за паркингот е во висина од 150 денари, па повторно ќе го прашаме градоначалникот кој дал таква дозвола? На кој основ е дадена дозвола? Дали воопшто е дозволено да се наплаќа и да се користи овој простор?

Не сакаме да претпоставуваме и да носиме заклучоци дека можеби ова служи само за перење на пари. Каква улога има градоначалникот кој одобрува наплата на црно и ги потпомага тие што го прекршуваат законот? Зарем охриѓани ќе продолжат да бидат најголемите туристи и да ја плаќаат цената, за да може градоначалникот да го испорача тоа што им го ветил на своите блиски и на партиските војници?
Сигурни сме дека и за ова ќе ги обвини ДПМНЕ и претходните градоначалници, нели тие се за сѐ криви. Но нас не зачудува фактот што прават инспекторите и кој им дава наредба да гледаат „низ прсти“. Дали конечно ќе почне да важи законот или ќе се продолжи со безредието? Очигледно градоначалникот нема намера да ја смени тактиката и да се откаже од испорачување на зделките кои беа склучени пред изборите.
Во име на ГДУ и од име на нашите сограѓани, му порачуваме на градоначалникот да преземе мерки околу овој проблем и да почне да важи законот исто за сите. Да престанат да се прават поделби на партиски војници (првостепени граѓани) и второстепени (обични граѓани кои немаат политички активности).
СТОП за беззаконието и безредието! Охрид не го заслужува ова! Охриѓани не го заслужуваат ова!„, стои во реакцијата Граѓанско Демократска Унија- ГДУ- Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK