Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Проаква апелира да се штеди вода!

Проаква апелира да се штеди вода!

Сподели

Проаква апелира да се штеди вода, бидејќи има недостиг и проблеми со водоснабдувањето во повисоките делови на градот. 

 

-„Се известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува МЈП-Проаква Струга РЕ ВОДОВОД Охрид ,особено во високата зона на градот ( С.Лакочереј , населбата Видобишта, С.Лескоец – Скребатска мала и С.Велгошти) дека поради високите температури и сушниот период се соочуваме со недостиг на вода иако сите извори на водоснабување работат со полн капацитет.
Испраќаме апел до сите корисници , рационално да се користи водата односно да не се злоупотребува за наводнување на паркови, градини и миење на автомобили.
Исто така во тек се засилени контроли на места каде се наводнува па се предупредуваат сите корисници, кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (нема или е оштетена пломба, оштетен е механизам и сл.) или кадешто воопшто нема водомерно броило , дека против нив ќе бидат преземени санкции по пат на поведување судски постапки кои подлежат на кривична одговорност“, стои во известувањето на ЈП „Проаква“ Охрид. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK