Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нов подвиг на македонскиот херој Васил Јанкула

Нов подвиг на македонскиот херој Васил Јанкула

Сподели

„Сите сме исти“ е мотото што 28-годишниот Васил Јанкула, лице со церебрална парализа, секојдневно го докажува и го покажува со своите идеи и авантуристички дух.

 

Ведар и амбициозен, со позитивен дух и позитивна мисла, младиот ресенец, кој неодамна со својот трицикл го обиколи западниот дел на државата, поминувајќи низ Прилеп, Битола, Велес, Скопје, преку Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга и Охрид и планината Галичица, се врати во својот град, испрати силна порака дека и лицата со попреченост го можат истото што и останатите.

m11

Веднаш по завршувањето на кружната тура со велосипед и неколкунеделен одмор, Јанкула премина на нова авантура, со параглајдер леташе над Охридското Езеро, вози мотор на четири тркала, а активно вози и автомобил, иако нема возачка дозвола.

m22

Во моментот Васил работи на два нови проекта, со својот трицикл планира да го сврти Охридското Езеро во еден ден, но и да направи планинарска тура, односно да се искачи на планината Галичица. За сите негови планови да станат реалност потребни му се спонзори, кои ќе му помогнат во остварување на целите. Својот трицикл како почесен гостин ќе го вози и на Охридскиот маратон. По неговиот подвиг кога од Ресен со својот трицикл помина околу 900 километри низ повеќе градови во Централна и Западна Македонија, носејќи ја пораката „Сите сме исти“, во неговиот град беше дочекан како херој. Тој учествуваше на повеќе манифестации, меѓу кои ја отвори велосипедската трка.

– Имам многу идеи. Сè што ќе видам сакам да го доживеам. Параглајдерството возбудливо им го препорачувам на сите. Нема поубаво нешто од тоа да се гледаат одозгора убавини. Додека летавме над Охридското Езеро, му велев на водичот да подзастане за да можам да уживам, посочува Јанкула.

Со трицикл покажа дека и лицата со хендикеп можат исто што и другите.

m33

Преспанскиот херој, како што често го нарекуваат во неговиот Ресен, ни раскажа за својата авантура, кога со трициклот за седум дена го помина западниот дел на државата. На неговото патешествие тој вели дека наишол на огромно разбирање кај возачите, кои застанувале да им понудат вода, храна и други пијалаци. И лошото време кое го зафатило на патот кон Маврово не го натерало да се откаже од целта.

МИА

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK