Меморијален турнир во чест на Јован Стојаноски
- Детали
- Објавено на Среда, 14 Август 2019 13:47
Спортскиот Центар „Климент Колески“ во соработка со општина Охрид оваа година ќе организира меморијален фудбалски турнир во чест на прерано починатиот градоначалник професорот Јован Стојаноски.
-„ Јован Стојаноскибеше голем љубител и поддржувач на спортот и затоа турнирот во СРЦ „Климент Колески“ оваа година ќе го носи неговото име“, информираат организаторите.
Пријавувањето на екипи стартува од понеделникот, а чини 6000 денари. Информации за пријавување тука
Вкупниот награден фонд изнесува 280 000 денари, а турнирот е закажан на 20 август.