Вто09172019

Последна промена12:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Обезбедено бесплатно сместување на социјално загрозени деца, недостига храна!

Обезбедено бесплатно сместување на социјално загрозени деца, недостига храна!

Сподели

Хуманоста кај дел од граѓаните непресушна.

Во фејсбук групата „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“ повторно се организира бесплатен одмор за ученици од велешко. Овој пат иницијативата потекна од наставникот, кој смело се пријави да ги носи децата а одмор во Охрид. 

-„Овој наставник ги сака децата на кои им предава и сака и овие деца некогаш да видат одмор.Кога го прашав за семејства кои се социјално загрозени, предложи повеќе деца да се израдуваат. Овој наставник доколку некој понуди сместување за неколку деца ќе се нафати самиот да ги однесе и ќе ја прифати одговорноста за овие деца. Кога би биле семејства помалку деца би се израдувале и би виделе одмор. Целта е да израдува повеќе деца, напишаа администраторите во групата. 

Охриѓани како и секогаш со големо срце. Одговорија за сместување на децата. 

-„Најдовме сместување во апартмани во Охрид за 14 лица. Значи 13 деца и наставникот ќе имаат можност да добијат одмор. Три апартмани за 4 лица и еден апартман за 2 лица ни понудија од 25ти август со вклучен доручек за да ги израдуваме овие деца. Сакаат да бидат анонимни“, пишуваат од групата. 

 

Компанијата  „Галеб Охрид“ хуманитарно  им организира превоз на учениците. Останува да се обезбеди бесплатна храна, т.е. ручек и вечера. Може повеќе угосителски објекти и хотели да понудат бесплатна  храна во различни денови. 

Пријавување во Фејсбук групата ТУКА 



  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK