Вто09172019

Последна промена12:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Екологистите го поздравија Акцискиот план на општина Охрид

Екологистите го поздравија Акцискиот план на општина Охрид

Сподели

Екологистите  го поздравија Акцискиот план на општина Охрид. Веруваат дека  нема да остане мртво слово на хартија, туку надлежните ќе смогнат сили да го спроведат на дело.

 

Следен чекор е  посебна комисија, која на сите дивоградби, впишани во Регистарот  ќе направи оценка за нивното влијанието врз животната средина.

Воедно, екологистите бараат  да се направи анализа како дивоградбите влијаат врз  пејсажните и визурни вредности на крајбрежието и градот Охрид.

- „Треба добро да се направи таа анализа односно влијание врз животната средина и потоа да се пристапи дали кон рушење на тие дивоградби, бидејќи некои граѓани ќе бидат доведени во помалку рамноправна положба доколку едни граѓани треба да рушат дивоградби тогаш ќе реагираат зошто другите не се рушат. Така што е многу деликатно ова прашање и за жал не било на дневен ред така што изминативе години оваа состојба е наследена од некогаш“,вели Ѓоко Зороски еколог од Охрид.

Во спроведувањето на препораките од  УНЕСКО и решавањето на проблемот со дивоградбите,  покрај локалната и владата,  пожелно е  да бидат вклучени и странски експерти,  кои имаат искуство во уредување на заштитени подрачја.

-„Јас сигурно би преферилал вклучување и на странски експерти кои имаат поголемо искуство со пејсажни уредувања  со градови или предели кои што се заштитени од УНЕСКО. Така што  би било добро и тие да бидат вклучени во овој процес да имаме поголема експертиза односно да биде направено  постручно и да има помалку незадоволство“,вели Зороски.

Екологистите предлагаат во иднина  дозволи за градба да издава посебен стручен тим, но да биде вклучена и пошироката јавност,  после детална експертиза  за влијанието врз животната средина.

-„Тие дозволи за градба да се даваат врз основа на еден тим кој што ќе одлучува врз база на проценка на влијание врз животна средина, меѓутоа која што ќе биде подолготрајна и на која ќе има одредени форуми и расправи од страна на заедницата, каде што граѓаните подолго време ќе одлучуваат за поголеми урбанистички планови. Значи сето она што се планира на охридското крајбрежје , како што е изградба на плажи или поголеми комплекси тоа се работи кои се долгорочни и треба да бидат вклучени многу експерти во нивното донесување“,додава Зороски.

Изминативе дваесет години се покажа дека Охрид не може да се справи со  дивоградбите. До февруари 2020,  кога е и крајниот рок од Унеско,  има надеж да се реши долгогодишниот проблем со дивоградбите во Охрид.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK