Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид За Голема Богородица сите патишта водат во Скребатно

За Голема Богородица сите патишта водат во Скребатно

Сподели

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по новиот календар, или 15 август по стариот календар.

Тогаш, илјадници верници го посетуваат манастирот во селото Скребатно. Таму по традиција се организира  голем црковно народен настан со вкусен ручек за посетителите. 

Манастирот во Скребатно е едно од најубавте и најуредените излетнички места во земјава. Сместен во висините на Петринска планина во живописна природа. 

Имотот на мнастирот е голем и опфаќа ливади, шума, река со мали водопади, чешма со вонредно студена вода, кујна  опремена со прибор за 5.000 гости, отворени шанкови, скари, маси за ручање на повеќе места во комплексот, уредени и чисти тоалети, приклучоци за струја низ целиот комплекс, спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет, рибник и се разбира реновираната црква Света Богородица. Сето погоре набројано е на располагање на посетителите 24 часа без никаков надоместок.

За празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајката Божја се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.

Според верувањата, во период помеѓу две Богородици, важно е да ги направите обредите со кои се искажува благодарност на Богородица, заштитници на жена, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и добитокот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK