Вто09172019

Последна промена02:42:18 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се множат полжави, школки и ракови, исчезнува пастрмката

Се множат полжави, школки и ракови, исчезнува пастрмката

Сподели

Се множат колониите  на полжави и школки  во Охридското езеро. Од памти век живее ендемичниот   вид на полжав наречен „пиргула“, стар милиони години во езерото од самото негово настанување.

 

Полжавите и школките најчесто живеат во карпестите предели на Охридското езеро. Тие предизвикуваат голем интерес кај нуркачите, особено кај туристите,  кои сакаат да се запознаат со подводниот свет.

-„Ги сретнуваме ги има. Обично се закачуваат за  некој камен, или некој отпад стаклено шише. Ги има обично по карпестите предели и по мулестите предели каде има камења или некој отпаден материјал и си прават колонии на таквите места, вели Никола Паскали дипломиран археолог по подводна археологија.

И слатководниот и кривиот  рак кој наликува на морска краба се вратија  во Охридското езеро. Веќе неколку години се среќаваат под вода. Се уште не се намножени во голем број за да ги има на  трпеза како во минатото, но влева надеж дека се вратија после децении од нивното исчезнување.

-„Интересно е што често го сретнуваме и охридскиот рак. Сега малку контардикторни се изјавите од една страна се зборува дека езерото е загадено а од друга страна гледаме рак кој излегува само во чиста вода. прпеорачувам до стручните лица биолози и хидробиолошки завод, малку повеќе да се  занимаваат со оваа проблематика. Да направат некоја студија тука сме ние нуркачите за соработка и да видиме до каде е работата со живиот свет во Охридското езеро“, препорачува Паскали.

За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми. Во него  живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемични.За жал последните години многу ретко се сретнува охридската  пастрмка.

-„Јас еве дваесет години нуркам пастрмка немам видено под вода, ниту белвица. Мислам дка белвица од далеку не сум сигурен. Тоа е страшно. Еве кога разговараме и со рибарите  се помалку и помалку има. Еве пастрмката може да се порибува и одгледува вештачки, но белвицата е дива риба и не може да се одгледува вештачки.  И се помалку  ја има. Вистиска штета е “, додава Паскали.

Вљубениците во Охридското езеро повикуваат на поголема грижа, особено во однос на рибниот фонд и состојбата со пастрмката и белвицата,  кои со години се на работ  на исчезнување.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK