Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ќе се ангажираат невработени лица во општо корисна работа

Ќе се ангажираат невработени лица во општо корисна работа

Сподели

Ќе се ангажираат невработени лица во општо корисна работа.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Охрид, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 22.08.2019 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Од жителите за жителите на општината”

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Од жителите за жителите на општината” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

СИТЕ ДЕТАЛИ ТУКА 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK