Вто09172019

Последна промена12:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Санитарен инспектор од Охрид неовластено уништувал храна

Санитарен инспектор од Охрид неовластено уништувал храна

Сподели

 

Oхридскиот санитарен инспектор Новица Шуменковски неовластено уништувал храна и пијалаци во најмалку 16 фирми.

Инспектори од Управата за финансиска полиција го „чешлаат“ случајот од почетокот на овој месец. Скандалот го откри „А1он“, објавувајќи  дека санитарниот инспектор неовластено уништувал храна и пијалаци со наводно истечен рок на траење, а фирмите врз основа на неговиот потпис си барале поврат на ДДВ од државата.

„Под сомневање дека неовластено се уништувале пијалаци нашите инспектори влегоа во една охридска фирма, но истрагата се прошири и сега имаме вкупно 16 фирми во кои се уништувале и пијалаци, но и храна која се заведувала како стока со истечен рок на траење, инспекторот потпишал дека треба да се уништи, а фирмите барале поврат на ДДВ“, велат од Управата за финансиска полиција.

Не се откриваат имињата на 16 – те фирми во кои се вршело неовластеното уништување храна и пијалаци, ниту пак  какви се` прекршувања за законите утврдиле досега. Целосни информации се очекуваат откако ќе  се комплетира истрагата.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK