Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Зголемен бројот на полицајци низ Стар град

Зголемен бројот на полицајци низ Стар град

Сподели

Зголемено присуство на полиција низ Стар град Охрид.

После десеттината кражби во овој дел на градот, полицијата со зголемено присуство ќе се „бори“ со неуморните крадци.

-„Зајакнати се полициските патроли пред се на неуниформираните полициски слузбеници во градот а во тој контекст и во стариот дел на Охрид, со цел пронаоѓање на сторители на кражби и на други казнени дела, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид во изјава за Охриднет.ком.

Мештаните видно вознемирени, бараат помош од полицијата. 

-„Се плажиме. Не можиме да спијаме раат. Нема вечер крадци да не упаднат во некоја куќа. Или кај нас или кај комшиите“, раскажуваат  вознемирените граѓани. 

Синоќа истиот крадец по втор пат се обиде да ја ограби истата куќа. Беше забележан од сопствениците,  кои веднаш го пријавија во полиција и објавија негова слика од сигурносна камера на социјалните мрежи. 

Замолуваат секој кој има било каква информација да пријави во полиција. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK