Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Иницијатива: Да се отстрани фонтаната кај „Чинарот“

Иницијатива: Да се отстрани фонтаната кај „Чинарот“

Сподели

Фонтаната кај охридскиот „Чинар“ со години руина.

Искршени мермери, испукани цефки, наместо декор фонтаната повеќе наликува на депонија.

Изградена во несоодветен стил, што воопшто  не се вклопува во визурата на Охрид, старата фонтана го грди ликот на плоштадот „Илинденска Република“. 

Граѓаните поднесуваат иницијатива до локалната самоуправа да ја отстрани фонтаната која е надвор од функција. 

-„Да се отстрани оваа стара несоодветна фонтана која е надвор од функција и  конечно да се уреди плоштадот како што доликува. Секоја фонтана треба да има уметничка и социјална вредност. Наместо во ваков облик од мермер треба да биде  автентична со мозаици и скулптури, како што доликува на Охрид. Таа треба да го отсликува духот на градот“, велат  граѓани за Охриднет.ком. 

Во 2010 година од тогашниот градоначалник Александар Петрески имаше иницијатива да се отстрани единствената градска фонтана , а на нејзиното место да се подигне споменик на Цар Самоил. Но тоа не се случи. 

Фонтаната  е изградена во 2003 година од тогашниот градоначалник Никола Наумоски. 

Соња Рилковска 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK