Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид по 50 тони дневно отпад, во Струга по 80!

Во Охрид по 50 тони дневно отпад, во Струга по 80!

Сподели

4500 тони отпад подигна ЈП „Охридски Комуналец“изминатава туристичка сезона . Се работеше со полна пареа, се собираше просечно  по 50 тони дневно отпад. 

Со сите расположливи  камиони , во три смени се чистеше главниот туристички центар.

Дваесетина  тури на ден , полни дваесет камионски приколки  се транспортираа на депонијата во Буково.

-„ЈП Охиридски Комуналец како и секоја година ја очекува подготвено туристичката сезона уште во јануари извршивме набавка на седум нови возила за подигање на отпад,  кои што во голема мера ни помогнаа и за брзината на подигање на отпадот меѓутоа и за ефикасноста и чистотата во градот, бидејќи  претходно имавме стари возила од кои се исцедуваше отпадот, овој пат поготово во Стариот дел на градот имавме комунални возила кои што немаше никаков исцедок и мислам и задоволството на граѓаните и реакциите беа евидентно позитивни“, вели Љупчо Грданоски директор на ЈП „Охридски Комуналец“.

Секојдневно се миеја и  градските улици со специјални цистерни. Не е тешко да се одржува хигиената на највисоко можно ниво кога во градот има тројно повеќе гости од вообичаено, најтешко е справувањето со ниската еколошка свест на населението. Посебно кај помладите кои после доцните ноќни журки зад себе оставаа еколошки пустош.

-„Се разбира дека во летниот период имаше и проблеми кои што беа последица на несоодветно третирање на отпадот од страна на граѓаните како и  последица на групи млади граѓани кои прават седенки по вечерните часови во парковите по училишните дворови и слични локации  а зад себе оставаа  ситен отпад кој претставуваше една грда слика. Можам да кажам дека успеавме да се справиме и со тие девијанти појавикои не беа предвидени“, додава Грданоски.

Трократно зголемена количината на отпад и во соседна Струга. За да се одржи градската хигиена и струшкото комунално претрпијатие работеше во три смени. Таму дневно во просек  се подигале  по 80 тони отпад.

 „Значи дваесетина триестина дена работевме скоро три пати подигавме три пати повеќе отпад. Во обем на работа  некаде 40 до 60% од активностите ние ги вршевме волонтерски без некому да наплатиме. 0337Се случуваше појава на диви депонии, истурени масла од фритези во контејнери и сето тоа под притисок на пресата. За жал моравме да дејствуваме“, вели директорот на Комуналното претрпијатие од Струга Иван Клечкароски.

Директорите и вработените во јавните комунални претпријатија во двата градови деноноќно работеа цело лето, но  по социјалните мрежи граѓаните критикуваа. Особено за Струга каде се жалеа на огромни количини неподигнат отпад од среде чаршија.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK